Дома Топ вести Довчерашниот директор на Барса: Некој чепкал во клупската каса

Довчерашниот директор на Барса: Некој чепкал во клупската каса

Потпретседателот на Барселона, Емили Русо, кој вчера си поднесе оставка заедно со уште пет други директори е убеден дека некој присвоил средства од финансиската каса.

Станува збор за случајот со мониторингот на социјалните мрежи, кој беше проценет на 100.000 евра, но за него беа потрошени 1 милион евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дали некој чепкал во клупската каса? Не знам кој може да биде, но мислам дека ДА. Кога ќе платиш 1 милион евра за нешто кое чини 100.000 евра нема сомнеж во тоа. Плаќањето  било распоредено на рати од 200.000 евра за да се избегне потребата од одобрување на Бородот на директори“, објаснува Русо.

„Сега има отворена истрага која ќе покаже како се случило тоа. Бартомеу веќе знае за тоа. Темата за социјалните мрежи е нечиста работа. Верувам дека некој чепкал во касата, но не знам кој. Убеден сум дека не е никој од Бордот“, додаде Русо.

Се смета дека виновен за ова е Жауме Монферер кој беше советник на претседателот Жосеп Марија Бартомеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Се појави изненадувачки фаворит за клупата на Баерн Минхен

Aктуелниот селектор на репрезентацијата на Австрија, Ралф Рагник изненадувачки е новиот фа…