Eден од најдобрите фудбалери кои некогаш истрачале на зелениот терен, Лео Меси вечерва ќе постави нов рекорд во шпанската Ла Лига.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот кој Барселона вечерва го игра против Џирона ќе биде 423-ти за Меси во шпанското првенство со што ќе испише нова странива во историјата на ова првенство и ќе стане – странец со најмногу настапи во Ла Лига!
Досегашен рекордер беше неговиот поранешен соиграч, Бразилецот Алвес кој играјќи за Севиља и Барселона собра 422 настапи во шпанското првенство.
Во досегашните 422 натпревари, Меси има 320 победи, 66 нерешени средби и само 37 порази.
Натпреварот помеѓу Барселона и Џирона се игра со почеток во 20:45 часот.