Tимот на Леванте ги прави последните подготовки пред натпреварот против Севиља на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Добри вести се што најавите се остваруваат и македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе биде спремен да истрча на теренот. Барди денес одработи уште еден комплетен тренинг и ќе биде на располагање за натпреварот.




Барди се повреди во септемврскиот циклус против Романија и од тогаш не играше ниту за Македонија, ниту за Леванте. За репрезентацијата ги пропушти дуелите со Луксембург и Германија.




Ова секако се добри вести и за селекторот Благоја Милевски затоа што во ноември Македонија ја чекаат последните два натпревари од квалификациите за СП во кои ќе играме со Ерменија на гости и Исланд дома.