Дома Фудбал Англија Добри вести за Тотенхем: Се враќа Хари Кејн!

Добри вести за Тотенхем: Се враќа Хари Кејн!

Тимот на Тотенхем во последно време се соочува со големи проблеми со повредени играчи, а денес конечно пристигна добра вест за „спарси“.

Голгетерот на Тотенхем, Хари Кејн веќе нормално тренира со остатокот од тимот и ќе му биде на располагање на тренерот Маурисио Покетино за саботниот меч во Премиер лигата против Барнли.

Англискиот репрезентативец заработи повреда на глуждот во дербито со Манчестер Јунајтед на 13-ти јануари и тогаш прогнозите беа дека ќе отсуствува до март.

Меѓутоа, Кејн се опорави порано од предвиденото и од вчера тренира со остатокот од тимот.

Додека Кејн беше надвор од терените Тотенхем победи на сите натпревари во Премиер лигата, како и на мечот со Борусија Дортмунд во Лигата на шампиони.

Од почетокот на сезоната Хари Кејн има постигнато 20 гола во сите натпреварувања.

https://youtu.be/oGlgYUzQOu0

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…