Дома Фудбал Добри вести за Ливерпул пред мечот со Тотенхем

Добри вести за Ливерпул пред мечот со Тотенхем

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп конечно може да се пофали со добри вести пред утрешното дерби со Тотенхем.

Имено, од вчера капитенот Џордан Хендерсон и дефанзивецот Жоел Матип редовно тренираат со остатокот од тимот и ќе му бидат на располагање за дербито.

Двајцата не беа дел од дербито со Манчестер Јунајтед, па Клоп мораше во одбрана да започне со младиот Рис Вилијамс, кој не се претстави на ниво.

„Хендо и Матип тренираа вчера заедно со тимот. Треба да видиме каква е нивната состојба денес. Важно е дека нема ниви повреди“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…