Дома Фудбал Англија Добри вести за Клоп пред финалето во ЛШ

Добри вести за Клоп пред финалето во ЛШ

Тиаго Алкантара и Фабињо ќе бидат спремни за претстојното финале во Лигата на шампионите и денеска со соиграчите ќе отпатуваат во Париз, потврди Ливерпул.

Тиаго се врати на тренинзите откако се повреди на натпреварот со Вулверхемптон минатата недела.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Фабињо не играше од мечот со Астон Вила на 10 мај, кога исто така заработи повреда на мускулот. Тие двајца сега му се на располагање на Јирген Клоп за утрешниот натпревар. Меѓутоа, се уште не е јасно дали се подготвени да започнат како стартери.

Уште по последниот натпревар на Ливерпул во првенството стана јасно дека Дивок Ориги нема да биде достапен за финалето, но сите други играчи на Клоп се здрави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Сити во сериозен проблем: “Граѓаните” се соочуваат со закана од одземање до 60 поени!

Последните години, Манчестер Сити не прекинува со правните процеси кои го држат клубот под…