Дома Фудбал Италија Ди Франческо пред отказ во Рома – познат неговиот заменик!

Ди Франческо пред отказ во Рома – познат неговиот заменик!

Тимот на Рома на катастрофален начин ја започна сезоната, а сметката најверојатно ќе ја плати тренерот Еусебио ди Франчесо.

Поразот од Болоња вчера ја прелеа чашата, па раководството на Рома веќе бара заменик за Ди Франческо, а „Кориере дело Спорт“ открива дека прв кандидат е Пауло Соуза.

Португалскиот стратег моментално е на кормилото на кинески Тијанжин, но наскоро би можел да се пресели на „Олимпико“.

Имено, раководството на „волчицата“ му дало ултиматум на тренерот Ди Франческо и во следните два меча бара 6 бода.

Соуза е добро познато име на Апенините, бидјеќи како играч настапуваше за Јувентус, Интер и Парма, а во периодот од 2015 до 2017 седеше на кормилото на Фиорентина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Челси го нападнаа својот голман: Бараат да биде веднаш продаден!

Челси ја отвори новата сезона во Премиер лигата со победа од 3:2 против Фулам, но натпрева…