На Рома оваа сезона, особено во Серија А не и оди како што се надеваа на Олимпико, а нетрпеливите сопственици изгледа дека повеќе не можат да го чекаат Ди Франческо да ги склопи коцките.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Рома имаше многу промени во текот на летото, пристигнаа голем број на нови играчи, а изгледа дека наскоро би можела да го промени и тренерот. Според пишувањето на италијанската „Panorama“, претседателот и мнозинските сопственици на клубот разговарале за да започнат преговори со Антонио Конте, кој е без ангажман уште од отказот во Челзи.
Поранешниот селектор на Италија се поврзуваше и со Милан, но за сега Рома изгледа како најреална нова дестинација за харизматичниот италијански стратег. Сепак, Конте наводно сака да размисли за оваа одлука, бидејќи се уште е во тек и неговата правна битка со Челзи поради отказот. Исто така, се шпекулира дека Конте и понатаму чека да се отвори место на клупата на некој од европските гиганти како што се ПСЖ или Манчестер Јунајтед.
Како и да е, самиот факт дека Рома започна преговори со Конте доволно говори за тоа колку столчето на Ди Франческо во Рома е не сигурно.