Дома Фудбал Италија Ди Марцио открива: Наскоро важен потпис во Торино со важност од пет години!

Ди Марцио открива: Наскоро важен потпис во Торино со важност од пет години!

Раководството на Јувентус изгледа конечно постигна договор со Алекс Сандро.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Иако во претходните денови се шпекулираше дека 27 годишниот дефанзивец нема да потпише нов договор, Алекс Сандро на крајот сепак најверојатно останува во Торино.

Според информациите на реномираниот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио, Јуве со Бразилецот договорил соработка до 2023 година и официјализацијата се очекува во наредните денови.

Сандро во Јувентус пристигна во август 2015 година од редовите на Порто, а платен беше скоро 30 милиони евра. Оваа сезона на 18 натпревари запиша две асистенции.

Одличниот лев бек се очекува според новиот договор да стигне до зработка од пет милиони евра по сезона.

https://www.youtube.com/watch?v=VpiVTC0QzZ0&t=25s

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алонсо договори големо засилување: Пристигнува „ѕвер“ од 134 милиони евра

Чаби Алонсо им нареди на челниците на Челси да доведат голема ѕвезда од лутите ривали која…