Дома Фудбал Италија Ди Марцио веќе го губи приматот: Фабрицио Романо – „кралот“ на трансферите во Италија!

Ди Марцио веќе го губи приматот: Фабрицио Романо – „кралот“ на трансферите во Италија!

Фабрцио Романо во овој момент е еден од најпознатите новинари во светот.

Овој Италијанец стана познат по ексклузивните информации од светот на фудбалот и скоро ретко кога греши кога ќе објави некоја информација. Денес неговата реченица „here we go“ стана славна. Кога ќе ја објави, можеме да веруваме дека трансферот е пред реализација.

Романо на само 18 години започнал да се занимава со новинарство. Работеше за мал портал во Италија, а потоа добил повик кој му го променил животот.

„Еден агент ме побара и ми кажа: Знам дека си млад новинар и ако можеш би сакал да ми помогнеш и да напишеш текст за двајца фудбалери со кои разговарам. Тоа беа Жерар Делофеу и Мауро Икарди. Останав во добар однос со него и тоа ми помогна, посебно кога Икарди дојде во Италија. Веста за неговиот трансфер во Интер беше моја прва голема вест“, изјави Романо.

Денес Фабрицио е апсолутно ѕвезда во светот на трансферите. Агентите сами му се јавуваат и му пренесуваат информации за големи трансфери, а во текот на преодниот рок работи скоро цел ден.

Романо има 27 години и сигурно дека уште долго ќе биде на врвот на листата најдоверливи новинари.

„Трансфер пазарот е вистинска џунгла. Секогаш треба да го очекувате неочекуваното, секој ден. Јас го сакам таквото чувство. Би го споредил со натпревар во Лигата на шампионите, односно кога ќе објавите голема вест е како да сте постигнале гол во финале на ЛШ. Знам дека не е возможно сите информации да ги имате први. Мене целта ми е да бидам точен и луѓето да веруваат кога нешто ќе објавам“, изјави Романо.

Во продолжение погледнете неговиот краток документарец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Се формира „Европска Премиер лига“ – проект тежок 6 милијарди

Англиските гиганти Манчестер Јунајтед и Ливерпул започнаа преговори околу формирањето на „…