Дома Фудбал Ди Марија има психички проблеми

Ди Марија има психички проблеми

Карантинот и изолацијата поради пандемијата од коронавирус не ги поднесе добро аргентинскиот фудбалер Анхел ди Марија.

Имено, крилниот напаѓач на Пари Сент Жермен веќе некое време покажува знаци на депресија и анксиозност.

Како што пренесува „Паризиен“, Ди Марија во текот на забраната за движење имал проблем со спиењето. Причината за тоа е наглото прекинување на сезоната и немањето било какви обврски.

Симотомите на депресија и анксиозност ја загрижиле неговата фамилија, а неговата сопруга вели дека тој понекогаш се однесува „како зомби“.

Ди Марија се согласил да добива стручна помош, па се надеваме дека наскоро ќе ги реши психичките проблеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети го лоцира проблемот на Јувентус: Десет минути играме добро, па се губиме

Јувентус двапати се враќаше против Фиорентина за реми 2-2, а Спалети предупреди на недости…