Дома Македонски спорт Дисингер ја потврди претпоставката на СПОРТСКИ.МК – чудо се случило во Вардар!

Дисингер ја потврди претпоставката на СПОРТСКИ.МК – чудо се случило во Вардар!

Пред неколку недели СПОРТСКИ.МК најави, а сега Дисингер тоа го потврди – во Вардар се случило чудо.

Нашиот текст кој тогаш беше потсетување на изјавата на Германецот и претпоставка дека работите во Вардар тргнале на подобро се покажа како точен. Тука можете да го погледнете тој текст под наслов – „Во Вардар некакво чудо веќе се случило“. И тоа го потврди самиот Дисингер во интервју за германските медиуми.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Да така е, кажав дека само чудо може да ме задржи во Вардар наредната сезона. И овде се случи едно мало чудо, работите одат во позитивна насока. Како и да е сигурно не сакам да имам уште една сезона како минатата. Не беше интересно да не земаш плата неколку месеци, тешко беше да се фокусирате на ракометот. Последиците не го одминаа тимот беше тешко и на тренинзите, најважно е што останавме сложни и не влеговме во расправии“, изјави Дисингер кој потоа потврди и дека разговарал со Михајловски кој го убедил дека работите ќе се сменат на подобро.

„Се договорив со мојот менаџер и новиот претседател Михајло Михајловски ќе останам уште една сезона во Скопје“, заврши левиот бек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Казнет навивачот кој го бакна Роналдо

Репрезентацијата на Португалија го загуби пријателскиот натпревар против Словенија, а на о…