Дома Топ вести Директорот на Јувентус најави враќање на Пол Погба

Директорот на Јувентус најави враќање на Пол Погба

Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи зборуваше за можното враќање на Пол Погба во италијанскиот клуб.

Паратичи не ја отфрли можноста Погба да се врати во Јувентус, но потенцираше дека рано е да се зборува за тоа.

„Ова лето размислувавме само за Мората бидејќи ни беше потребен напаѓач. Кога зборуваме за Погба, тој е играч на Манчестер Јунајтед и рано е да зборуваме за евентуално негово враќање“.

„Погба ни даде многу додека беше тука и ние многу го цениме тоа. Сега сме концентрирани на тимот кој го имаме, во иднина се може да се случи“, изјави Паратичи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сабицер го спаси Дортмунд во 90+3: Вердер падна по луда драма!

Дортмунд испушти 2:0, но Сабицер со слободен удар во 90+3. минута донесе победа од 3:2 над…