Дома Фудбал Директорот на Барса: Суарез даде многу за овој клуб, заслужува респект

Директорот на Барса: Суарез даде многу за овој клуб, заслужува респект

Спортскиот директор на Барселона, Рамон Планес ја коментираше ситуацијата на Луис Суарез во клубот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Суарез е во потрага по нов клуб, откако Роналд Куман јасно му порача дека нема да смета на него во новата сезона.

„Треба да ги респектираме фудбалерите кои дале многу за овој клуб, а Луис е таков. Сега се наоѓа во фаза на промени и со нов тренер кој има нови идеи. До 5 октомври, кога завршува трансфер пазарот, може да се случат многу работи“, изјави Планес.

„Јавна тајна е дека бараме засилување во нападот, но не секој фудбалер може да игра за нас. Барселона секогаш го бара најдоброто. Работиме на нови засилување, барама играчи кои се квалитетни и ускусни“, додаде директорот на Каталонците, кој потврди дека Видал заминува и му посака се најдобро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зборови кои сите ги чекаа, Симеоне го спореди Алварез со Гризман

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, повторно истакна дека смета на Хулијан Алварез…