Дома Македонски спорт Мак фудбал Димитриевски: Резултатот од „Олд Трафорд“ не е реален

Димитриевски: Резултатот од „Олд Трафорд“ не е реален

Репрезентативнит голман на Македонија, Столе Димитриевски зборуваше на пресконференцијата пред утрешниот меч против Англија.

Се уште боли поразот од првиот меч на „Олд Трафорд“, а Столе посакува да ја зачува мрежата и да покажеме дека тој резултат не е реалност.


Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓


„Натпреварот во Англија беше многу тежок за нас, резултатот во однос на нашите квалитети не е реален, тоа може да се случи на секого. Сега имаме нов натпревар против Англија и шанса да докажеме дека таа слика за нас е погрешна, Се надеваме дека утре ќе се прикажаме во многу подобро издание“.

„Утре очекувам да се покажаме во вистинско светло. Како и секогаш да дадеме се од себе и да одиграме на високо ниво за на добар начин да ги завршиме овие квалификации. Очекуваме одличен спектакл, ќе го дадеме максимумот, иако пред три дена одигравме еден тежок натпревар“, истакна Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Колку заработил најдобриот македонски тенисер во 2023 година?

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски во моментов е на 308. место на АТП-листата, …