Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне заработи три натпревари суспензија поради исклучувањето во натпреварот против Севиља во шпанскиот куп.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Атлетико загуби од Севиља со вкупен резултат 5:2 и беше елиминиран четвртфиналето.
Аргентинецот во реваншот кој беше одигран во вторникот, заработи црвен картон во 82 минута.
Фудбалскиот сојуз на Шпанија наведе дека Симеоне е казнет со еден натпревар поради исклучувањето, а со уште две поради кршењето на членот 117 кој се однесува на непочитувањето на судијата.
Оваа суспензија на Симеоне се однесува само за натпреварите од шпанскиот куп.