Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: Време е конечно да влеземе во серија на победи

Дибиров: Време е конечно да влеземе во серија на победи

Вардар утре со почеток од 16:00 часот го игра натпреварот против Елверум во Лигата на шампионите.

Тимот на Вардар иако не прикажува толку лоша игра, сепак има серија порази и Тимур Дибиров смета дека дојдено е време конечно да се стави крај на таа црна низа.

“Прво сакам да кажам дека без оглед на поразите, се гледа дека напредуваме во играта. Тоа можеше да се види во дуелите со многу квалитетни екипи каде што губевме со по еден разлика. Сите екипи со кои игравме имаа различен стил на игра, така и Елверум се разликува од претходните. Тие се екипа кои бараат физичка подготвеност и играат интезивен ракомет. Време е конечно да влеземе во добра серија и да ја поправиме ситуацијата, ништо не дава повеќе самодоверба како победа“, изјави Дибиров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Џудистката Реџепи поразена во првата рунда, го заврши настапот на ОИ

Македонската џудистка, Арбреша Реџепи по само една рунда го заврши настапот на Олимписките…