Дома Фудбал Италија Дибала со промената на фотографијата најави која е неговата желба?

Дибала со промената на фотографијата најави која е неговата желба?

Паоло Дибала веќе некое време се поврзува со заминување од Јувентус.

Аргентинецот член на Јувентус е од 2015 година, а договорот му важи уште година ипол. Преговорите помеѓу двете страни се во тек подолго време, но договор нема.

Меѓутоа со промената на профилната фотографија можеби најавува која е неговата желба.

Дибала се одлучи за фотографија во дресот на Јувентус на која го носи дресот со број 10 и капитенската лента.

Одличниот офанзивец оваа сезона во главно беше надвор од теренот, после тримесечната пауза се врати против Наполи и веднаш постигна гол.

Проблемот помеѓу Дибала и Јувентус е што Аргентинецот бара плата од 10 милиони евра, но „старата дама“ скептична и не сака да ризикува со толкава сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Јувентус започна преговори со Гатузо

Јувентус веќе ја започна потрагата по нов тренер за следната сезона, пренесуваат италијанс…