Дома Фудбал Италија Дибала со мајсторија и Роналдо со „небесен“ скок обезбедија три бода за Јувентус (ВИДЕО)

Дибала со мајсторија и Роналдо со „небесен“ скок обезбедија три бода за Јувентус (ВИДЕО)

Бранителот на тронот во Италија после поразот од Лацио се врати на победничките патеки и врза две победи во низа, после Удинезе во претходното коло, денес победена беше и Сампдорија.

Јувентус до водство стигна во 19.минутата и тоа после една мајсторија на Паоло Дибала. Алекс Сандро испрати долга топка, а Аргентинецот во стил на најголемите мајстори со волеј удар ја погоди мрежата.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Сампдорија до изедначување стигна од својата прва посериозна прилика. Сандро изгуби една топка на својата половина и во продолжение од таа акција Капрари го совлада Буфон.

Црно-белите сепак успеаа да заминат на полувреме со водство. Алекс Сандро повторно беше во улога на асистент, Бразилецот нафрли до Роналдо кој со еден „небесен“ скок погоди со глава.

Во вториот дел не видовме погодоци, стрелецот на голот за Сампдорија Капрари во судиското продолжение (92.минута) заработи втор жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Новинарите го изненадија Спалети: Не ми се верува дека морам да зборувам за ова

Италијанскиот селектор Лучијано Спалети демантираше дека им забранил на фудбалерите да игр…