Дома Фудбал Италија Дибала сведочеше, Јувентус во се поголеми проблеми!

Дибала сведочеше, Јувентус во се поголеми проблеми!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Во Италија во овој период актуелна е истрагата во која „старата дама“ веќе и беше казнета со одземање на 15 бодови.

Јувентус по одземените бодови се наоѓа на 10-тата позиција и го чека многу тешка задача да се избори за место во топ 4 на крајот од сезоната. Сезоната е на половина, но останува да се види како ќе игра Јувентус во наредните натпревари.

Покрај казната која веќе ја доби од Серија А се шпекулира и дека УЕФА може да ги казни со неколку години суспензија од Европа. Проблем за Јувентус може да биде сведочењето на Паоло Дибала кое го објавија италијанските медиуми.

Аргентинецот во своето сведочење потврдува дека имало договор Јувентус да им исплати плати за три месеци на друг начин додека во официјалното соопштение „старата дама“ објави дека фудбалерите се откажале од четири плати.

„Предлогот што ни го испрати Јувентус, а се однесуваше на неисплата на платите четири месеци (не се сеќавам точно кои месеци) ние го одбивме затоа што се работеше за многу месеци.

Се договоривме дека од тие четири месеци, три месеци ќе земаме плата следната сезона додека од ќе се откажаме како солидарност. Кога побараа од нас да не земаме плата четири месеци, бевме зачудени и многумина веднаш рекоа не.

„Со соиграчите имавме група на Ватсап. Таму кружеше оваа информација, тоа беше еден конфузен период. Се сеќавам дека се договоривме дека што и да одлучиме да одлучиме како тим. Не се сеќавам дека разговарав лично со Недвед или Партичи.

Она што го паметам е соопштението за медиумите каде што пишуваше дека се откажуваме од платите за четири месеци. Никаде во соопштението не пишуваше дека имаме договор три месеци да ни се исплатат дополнително. Затоа многу луѓе и мислеа дека сме се откажале од платата за четири месеци“, изјави Дибала.

Ваквото сведочење на Дибала потврдува дека Јувентус манипулирал со информациите, па би можело да претставува сериозен проблем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Европската Суперлига повторно се формира?Сега со 80 клубови и никој ќе нема сигурно место

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Европската фудбалска…