Дома Фудбал Италија Дибала конечно негативен, но се уште ништо не е готово!

Дибала конечно негативен, но се уште ништо не е готово!

Пауло Дибала веќе неколку недели води битка со коронавирусот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Дибала заедно со Матуиди и Ругани беше позитивен на Ковид 19. Двајцата се опоравија, додека борбата на напаѓачот со овој вирус продолжи.

Аргентинецот до сега направи неколку тестови и секој од нив беше позитивен. Меѓутоа, после последното тестираше направено пред неколку дена резултатот беше негативен.

Дибала веќе некое време нема симптоми, се чувствува добро, но за потврда дека конечно го победил вирусот потребно е и другиот тест да биде негативен.

Десетката на Старата дама во наредните денови ќе направи уште еден тест. Ако резултатот биде негативен значи дека инфекцијата дефинитивно е победена и може да почне да тренира со соиграчите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал на чекор до титулата

Арсенал направи и предпоследниот чекор кон шампионската титула во Премиер лигата, која му …