Дома Македонски спорт ДЗР утрвди низа неправилности во работата на Мојсовски и АМС

ДЗР утрвди низа неправилности во работата на Мојсовски и АМС

Државниот завод за Ревизија (ДЗР) излезе со соопштение во кое истакнува неколку неправилности во работата на Агенцијата за млади и спорт.

Од ДЗР објавуваат дека постои сомнеж за вистинитоста и објективноста за финансиските активности на АМС. Во извештајот се наведува дека најголем проблем се начинот на кој агенцијата со која раководи Наумче Мојсовоски префрла пари на спортските федерации во земјава.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Агенцијата за млади и спорт не воспоставила соодветни внатрешни контроли кои треба да го обезбедат наменското и законското користење на средствата кои се трансферираат на НСФ за реализација на нивните активности.

Во врска со распределбата на средства до НСФ, АМС не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди систем на објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на НСФ согласно краткорочни и долгорочни приоритетни активности, а склучените договори со НСФ не содржат одредби со кои ќе се допрецизира намената на одобрените средства.

Слични слабости се констатирани и во делот на средствата кои се исплатени за поддршка на млади и талентирани спортисти “Спортска надеж” како и за распределбата на средства по издадените ваучери за спорт“

„Кај две НСФ исплатен е износ за плати за две лица во вкупен годишен износ од 2 милиони и 552 илјади денари, или 54%, односно 56% од вкупниот износ доделен од АМС. Кај една НСФ утврдивме повеќекратни исплати во висина од вкупно 300 илјади денари на едно лице – генерален секретар на НСФ, како и дополнителни 100 илјади денари на други четири лица, без објаснување за критериумите врз основа на што е определен износот, како и работниот ангажман кој е извршен“, стои во дел од извештајот.

Комплетниот извештај можете да го прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Финалето во футсал Купот на Македонија ќе се игра во Велес

Футсал екипита на Клими и Форца 2015 ќе се борат за трофејот во рамките на Купот на Македо…