Дома Фудбал Де Јонг за Барса се враќа во вистински момент

Де Јонг за Барса се враќа во вистински момент

Френки Де Јонг повторно се враќа во погон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Барселона потврди дека лекарскиот тим дал зелено светло за Де Јонг да се врати во тимот за натпреварот против Осасуна.

Де Јонг го одигра првиот натпревар после паузата против Мајорка после што го повреди листот и мораше да паузира точно еден месец.

Сепак, тој се враќа во вистински момент, да ги одигра последните два натпревари во Ла Лига и физички да се спреми за предизвиците во Лигата на шампионите.

Барса тешко дека ќе ја освои титулата, Реал има четири бода пред Барселона на две кола пред крајот па на Каталонците им треба чудо за да стигнат до титулата.

Ќе потсетиме во Лигата на шампионите Барселона ја очекува реваншот против Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Два клуба го сакаат Ираола на клупата

Андони Ираола ќе го напушти Борнмут ова лето по одличниот резултат и промоцијата во Конфер…