Maтијас Де Лихт потврди дека ќе мора да оди на операција на рамото поради повредата која ја влече од есента.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Холанѓанецот беше принуден да игра под инекции во завршницата од сезоната и бидејќи Јувентус испадна од Лион за него оваа сезона е завршена.
Де Лихт после натпреварот против Лион потврди дека сега следи одмор и пауза за операција.
„Сега морам на операција на рамото. Тоа е нешто што го одложував, но мора да биде направено и сега мора да биде во мојот фокус. Разочаран сум што не поминавме понатаму, сега морам да се посветам на опоравувањето и она што следи“, изјави Де Лихт.
Јувентус новата сезона во Серија А ќе ја започне на 19 септември кога стартува Серија А и засега не се знае дали Де Лихт ќе биде спремен да истрча на терен.