Дома Топ вести Де Лаурентис потврди: Работиме на трансферот на Елмас!

Де Лаурентис потврди: Работиме на трансферот на Елмас!

0

Пред неколку дена, во италијанските медиуми како бомба одекна информацијата дека македонскиот репрезентативец и член на Фенербахче е пред трансфер во Наполи.

Истите медиуми пренесоа дека се е договорено меѓу клубовите, биле закажани и лекарските прегледи, а трансфер сумата која Наполитанците треба да ја исплатат на турскиот клуб е 15 милиони евра.

Сепак, Елмас вчера се појави во Истанбул и истакна дека се уште е дел од Фенербахче. Но, денеска со своја изјава излезе и првиот човек на Наполи, Де Лаурентис тврдејќи дека трансферот мора да почека и го потврди интересот за Македонецот.

„Точно е дека сме заинтересирани за Елмас и тој е наша цел. Тој е интересен и талентиран играч, не можам да негирам дека имаме огромно внимание насочено кон него. Сепак, во овој момент имаме друг приоритет, а тоа се заминувањата на дел од играчите од тимот. Мораме да продадеме неколку играчи бидејќи тимот е веќе пренатрупан. Секогаш е лошо кога имате вишок фудбалери. За нас во моментов е приоритет да ги продадеме тие фудбалери, мораме да го скратиме ростерот. Кога ќе го направиме тоа ќе ги доведеме засилувањата. Елмас е наша цел, но промоцијата ќе почека“ – изјави првиот човек на Наполитанците.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Регионалниот собир на фановите на Ливерпул ќе има хуманитарен карактер (фото)

Ливерпул е еден од европските гиганти со најмногу навивачи на овие простори, а „црвените“ …