Дома Фудбал Италија Де Лаурентис бара да се одложи натпреварот Јувентус – Наполи

Де Лаурентис бара да се одложи натпреварот Јувентус – Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис сака да се одложи дербито кое е закажано за 17. март.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот прво требаше да се одигра на 4. октомври, но ситуацијата со коронавирусот не дозволи Наполи да отпатува во Торино. Тогаш натпреварот беше регистриран со 3:0 за Јуве, на гостите и беше одземен еден бод, но потоа таа одлука беше поништена.

Де Лаурентис не е задоволен со одлуката тој двобој да се одигра на 17 март бидејќи Наполи од 14. до 21. март мора да одигра уште два тешки натпревари против Милан и Рома.

Наполи се бори за четвртото место и пласман во ЛШ, а трите натпревари за седум дена ќе бидат тешка задача за тимот на Де Лаурентис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим за Модриќ: Ако треба, лично ќе одам по него!

Искусниот хрватски фудбалер Лука Модриќ (40) моментално ужива во заслужен одмор по уште ед…