Дома Фудбал Останато Де Лаурентис: Агентите се „канцер“ на фудбалот, одбив 58 милиони за Кулибали!

Де Лаурентис: Агентите се „канцер“ на фудбалот, одбив 58 милиони за Кулибали!

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис без влакна на јазикот ги нападна фудбалските агенти и смета дека тие се „канцер“ на модерниот фудбал.


Од втора лига, до спасител на Германија - 12 ден ↓↓↓



Де Лаурентис смета дека менаџерите поради големите провизии кои ги земаат настојуваат што повеќе да ги трансферираат своите штитеници и прават проблем на релација клуб-играч.

„Тоа е рак во нашата професија. Лично јас не разбирам потреба од нивно постоење. Во Холивуд, на пример, актерите се сами на себе менаџери. Зошто ги има во фудбалот? Правите договори на пет години, а нивна цел е константно да примаат плата. Кога ќе ги земат сите пари, тогаш ги носат фудбалерите на шопинг и им прават муабет од типот „знаеш преговарам со тој и тој клуб, ќе те платат два милиона повеќе“.И тогаш играчите не играат како треба“, изјави Де Лаурентис.

Ваков проблем Наполи ова лето имаше со дефанзивецот Кулибали, чиј агент настојуваше по секоја цена неговиот штитеник да се пресели во Челзи.

„Челзи ова лето понуди 58 милиони евра за Кулибали, но ние ги одбивме. Агентот му ја наполни главата на играчот и тој настојуваше да го продадеме, но јас сепак ја одбив понудата“, објасни сопственикот на Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мексиканците трагичари, Аргентина и Полска во осминафинале🎥

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Вистинска драма …