Дома Останати Кошарка НБА Дејвис и Леброн го уништија Портланд, Јокиќ конечно се „разбуди“, но Денвер изгуби (ВИДЕО)

Дејвис и Леброн го уништија Портланд, Јокиќ конечно се „разбуди“, но Денвер изгуби (ВИДЕО)

Во изминатата ноќ беа одиграни неколку интересни натпревари во НБА лигата.

Лејкерси предводени од најголемите ѕвезди Леброн и Дејвис кои комбинирано уфрлија 70 поени го победија Портланд со 113:136. Неизвесност имаше само во првата чтвртина кога двата тима неколу пати го менуваа водството. Сепак, од втората четвртина се одеше на страна на Лејкерси.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Веќе на пловината на втората четвртина Лејкерси се приближја на плус 20 поени, а својата предност ја чуваа до самиот крај и ја однесоа победата. Ентони Дејвис беше најефикасен во победничкиот тим со 39 поени, а додаде и девет скокови. Леброн застана на 31 поен, седум скокови и осум асистенција.

Кај Блејзерси најефикасен беше Демиан Лилард со 29 поени. 17 поени и 10 скокови додаде Вајтсајд, додека Симонс, Меколум и Кармело Ентони постигнаа по 15 поени.

Интересно во натпреварот помеѓу Оклахома и Минесота во кој победија домаќините, но дури после продолженија. Резултатот на крајот гласеше 139:127. На нешто повеќе од една секунда до крајот Стивен Адамс испрати пас преку цел терен до Шордер кој со звукот на сиреата положи за 122:122 и така се избори за продолженија. Домаќините во продолженијата беа многу подобри и на крајот славеа победа.

Победничката екипа ја предводеше Крис Пол со рекорд на сезоната од 30 поени. Одличен настап одиграи  Гилгос-Александер кој уфрли 29 поени. Шордер додаде 25, Стивен Адамс 22 (и 11 скокови), а Галинари 21 поен.

Кај Минесота најефикасен беше Џеф Тагуе со 32 поени.

Милвоки на свој терен беше подобар од Клиперси СО 119:91. Јанис Антетокумпо на својот роденден уфрли 27 поени и собра 11 скокови.

Треба да се истакне конечно одличниот настап на Никола Јокиќ за Денвер кај Бостон (108:95). Иако не успеа да и помогне на својата екипа да го избегне поразот, Јокиќ уфрли 30 поени и запиша 10 скока.

НБА резултати:

Шарлот – Бруклин 104:11

Кливленд – Орландо 87:93

Пистонс – Пејсерс 108:95

Чикаго – Голден Стејт 98:100

Мајами – Вашингтон 112:103

Оклахома – Минесота 139:127

Милвоки – Клиперси 119:91

Сан Антонио – Сакраменто 105:104

Портланд – Лејкерси 113:136

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…