Дома Останати Кошарка НБА Дејвис доминираше, Лејкерси го обезбедија првото место на Западот ?

Дејвис доминираше, Лејкерси го обезбедија првото место на Западот ?

Кошаркарите на Лејкерси во одличен натпревар изминатата вечер ја победија Јута со 116:108 и така го обезбедија првото место на табелата на Западната конференција.

Лејкерси успеаа да дојдат до својата 51. победа и така и теоретски го обезбедија првото место во Западната конференција. Но, Јута не беше баш лесен противник и ги намачи Леброн и друштвото.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во првата четвртина гостите добро се држеа и резултатот беше 24:24. И во втората четвртина Лејкерси не успеаа да направат некоја поголема разлика па на одмор се замина со резултат 58:56.

Но, во третата Лејкерси успеаа да отидат на десет поени разлика (86:76) и таа предност ја чуваа до крајот на натпреварот.

До новиот триумф Лејкерси беа предводени од Ентони Дејвис кој постигна дури 42 поени, додаде 12 скокови, 4 асистенции и 3 украдени топки. Леброн натпреварот го заврши со 22 поени, 8 скокови и 9 асистенции. Кај Јута се истакна Донован Мичел со 33 поени.

Во останатите два натпревари Филаделфија го победи Сан Антонио со 132:130, додека Њу Орлеанс беше подобар од Мемфис со 109:99.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…