Дома Фудбал Лига на шампиони Детето кое собираше топки беше херој за Мурињо и Тотенхем (ВИДЕО)

Детето кое собираше топки беше херој за Мурињо и Тотенхем (ВИДЕО)

Тимот на Тотенхем вчера со пресврт успеа да слави на домашен терен против Олимпијакос.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Изгледаше дека Олимпијакос ќе го расипе дебито на Жозе пред домашните гледачи бидејќи после 20 минути игра грчкиот тим имаше 0:2. Сепак, во продолжение од натпреварот Тотенхем постигна четири гола и ги однесе трите бода.

Првиот гол Toтенхем го постигна пред крајот на првото полувреме и сигурно дека тоа беше важен момент. Освен играчите на теренот како херој во оваа ситуација се покажа и едно од децата кои собираат топки.

Детето брзо реагираше и му овозможи на Тотенхем брз напад додека одбраната на Олимпијакос не беше наместена.

Овој потег го забележа и Мурињо кој го изгушка и му се заблагодари на детето. Покрај тоа Жозе и јавно го пофали.

„Навистина сакам интелегнтни деца кои враќаат топки. Исто како кога јас бев дете. Денес детето беше брилијантно. Ја прочита играта и имаше одлична асистенција. Тој гол пред полувремето за нас беше многу важен“, изјави Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Трансфер бомба: Баерн преговара со Хрват!

Баерн го потврди освојувањето на титулата во Бундеслигата со убедлива победа над Келн со р…