Дома Фудбал Детето во 4 дена ги шокираше Вембли и Бернабеу. Перез му пријде во соблекувалната: „Те чекаме“

Детето во 4 дена ги шокираше Вембли и Бернабеу. Перез му пријде во соблекувалната: „Те чекаме“

ЕНДРИК, чие полно име е Ендрик Фелипе Мореира де Соуса, пред три дена на само 17 години и 246 дена постигна гол за историјата на Вембли и бразилската репрезентација, а со тоа и светскиот фудбал. Во 71. минута од пријателскиот натпревар меѓу Англија и Бразил, младиот напаѓач влезе во игра со резултат 0:0.

Девет минути подоцна го постигна победничкиот гол, единствен на натпреварот. Така стана најмладиот стрелец на митскиот стадион. Покрај тоа, тој стана најмладиот стрелец во историјата на Бразил по Роналдо, кој го направи тоа на 4 мај 1994 година на пријателскиот натпревар против Исланд.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роналдо тогаш имаше 17 години и 224 дена. Но, она што ја прави врската меѓу него и Ендрик уште поинтересна е тоа што младиот Бразилец синоќа на 23 март го замолкна Вембли, точно на 30-годишнината од дебито на Роналдо за Бразил против Аргентина.

Голот на Вембли погледнете го ТУКА

Во дебито против Колумбија, Ендрик доби 8 минути, потоа 18 против Аргентина и 20 минути за гол против Англија.

Три дена подоцна, тој постигна гол на друг митски стадион
Ендрик со големиот Палмеирас веќе има 65 настапи, 18 гола и две шампионски титули на Бразил, но од 21 јули, поточно неговиот 18 роденден, станува играч на Реал. Веќе е договорен трансферот со обештетување од 45 милиони евра.

Бразил три дена по натпреварот против Англија гостуваше во Шпанија на Сантијаго Бернабеу. Спектакуларниот натпревар заврши 3:3, а еден од головите на Бразил беше дело на Ендрик. И повторно веднаш по влегувањето од клупата, само овој гол беше далеку поубав од оној во Лондон.

Голот против Шпанија погледнете го ТУКА

По мечот на стадионот на Реал, претседателот на кралскиот клуб, дојде да му се поклони. Флорентино Перез (77) влегол во соблекувалната на Бразил, го гушнал играчот и му рекол: „Сите сме тука и те чекаме“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…