Eнис Барди во овој период игра одлично во дресот на Леванте и кон себе го привлече вниманието на повеќе европски екипи.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Деновиве актуелна е веста за понудата од Арсенал, а денес беше објавено и дека за него интерес покажале двата најголеми турски клуба Галатасарај и Фенербахче.
По оваа вест во турските медиуми се појави и дополнување. Наводно, Фатих Терим лично имал телефонски раговор со Барди и му ја ветил 10-ката ако се реши да потпише за нив. Според информациите почетната понуда на Галатасарај до Леванте била 20 милиони евра.
Ќе потсетиме Барди во Леванте игра од 2017 година кога дојде од редовите на Ујпешт.