Деветнаесетото коло во Премиер лигата завршува со големо дерби помеѓу Челзи и Манчестер Сити, натпревар кој може да го одреди понатамошниот тек на сезоната.
Манчестер Сити има шанса со победа да дојде на пет бода од лидерот, додека моментално се наоѓа на 10-то место и мора да ги поправи резултатите.
Челзи во големи проблеми
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Челзи оваа сезона игра под сите очекувања и моментално се наоѓа на 10-то место на табелата, па заостанува многу од местата кои водат во европските натпреварувања. Иако има уште половина од сезоната за играње, сепак во овој момент тешко е да се замисили дека „сините“ можат да стигнат до Топ 4. На стартот на сезоната дојде до промена на тренерот, пристигна Грем Потер, кој во првите натпревари донесе нова енергија, но потоа следуваше период на лоши резултати. Челзи успеа во Лигата на шампиони да стигне до првото место во групата, но во Премиер лигата заостанува цели 10 бода од четвртото место. „Сините“ не се во добра форма и на последните пет меча запишаа само една победа, едно реми и три порази. Сега на гости им доаѓа актуелниот шампион и мора да покажат дека имаат квалитет за висок пласман. Со пораз на овој меч додатно ќе се продлабочи кризата на „Стенфорд Бриџ“. Иако раководството работи на големи засилувања, сепак тешко дека Челзи може да стигне до Топ 4 оваа сезона.
Шампионот пред императив победа
Манчестер Сити пред ова кола заостануваше цели седум бода од лидерот Арсенал, но тоа благодарение на одличните резултати на „топџиите“, а не поради лошите игри на „граѓаните“. После ремито на Арсенал сега Сити се наоѓа пред императив победа за да се доближи до врвот. Минатото коло „граѓаните“ ремизираа на домашен терен против Евертон, па сега сигурно ќе сакаат да ја поправат таа грешка. Тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи ова за Сити по традиција е најтешкото гостување. Сепак, на последните три меѓусебни дуели Сити запиша три победи, па сигирно ќе сака да ја продолжи традицијата. Според квалитетот „граѓаните“ се уште важат како фаворити за титулата, но Арсенал се покажа како сериозен конкурент па Сити мора да направи серија на победи за да се искачи на врвот. Гвардиола за овој меч на располагање ќе го има целиот тим, само под знак прашалник ќе бидат Алварез и Лапорт.
Очекување
Големо дерби помеѓу два одлични тима, па нивните дуели се секогаш непредвидливи и очекуваме неизвесен дуел кој ќе го одлучуваат детали.