Денеска во фокусот ќе биде големото дерби во Премир лигата помеѓу Манчестер Јунајтед и Челзи, дуел кој е од исклучителна важност за двата тима.
Веќе неколку сезони двата тима се во декаденција играат под сите очекувања, а само пред неколку години Јунајтед и Челзи беа најсилните тимови во Европа и играа финале во Лигата на шампиони.
Манчестер Јунајтед има нов тренер
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед долго одолговлекуше со отказот на Тен Хаг, но очигледно на крајот тоа мораше да се случи. После серијата на лоши резултати Јунајтед му врачи отказ и експресно најде нов тренер, а тоа е Рубен Аморим. Португалскиот тренер нема да може веднаш да почне со работа, па на овој меч Јунајтед повторно ќе биде воден од привремен тренер. Пред неколку дена го торпедираа Лестер и самодовербата во тимот порасна, па на ова дерби ќе направат се за да победат. Јунајтед моментално заостанува на табелата, а целта секако ќе биде пласман во Топ 4. Во овој момент никој не знае дали тимот ќе успее во тоа, но јасно е дека со доаѓањето на нов тренер ќе дојде и позитивен импулс, а квалитот е неспорен.
Челзи полека се враќа во колосек
Изминатите годинини беа многу тешки за Челзи, кој играше под сите очекувања и беше далеку од Топ 4. Летово пристигна нов тренер, Енцо Мареска, но и многу нови засилувања, па клубот конечно се труди да започне нова ера и да се искачи на врвот на англискиот фудбал. Квалитетот на тимот никогаш не бил спорен, а оваа сезона конечно излегоа од агонијата и со право можат да се надеваат за пласман во Топ 4. Моментално се на шестото место, но не заостануваат многу од водечките тимови, па со добар резултат на ова гостување додатно ќе се доближат. Во последните години Челзи нема добри резултати против „црвените ѓаволи“, а сега ќе се обидат да ја прекинат таа лоша серија и да ја искористат ситуацијата во која се наоѓа противникот.
Очекување
Овие дерби натпревари се секогаш непредвидливи, но двата тима играат напаѓачки и ќе одат на победа, а тоа е предуслов за многу голови.