Дома Македонски спорт Мак фудбал Дербито без голови, Шкендија на чекор до титулата

Дербито без голови, Шкендија на чекор до титулата

0

Големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија во Скопје заврши без победник, а бодовната предност на актуелниот шампион останува 12 бода на врвот на табелата.

Шкендија сега е на чекор да ја обрани титулата, бидејќи им требаат само уште 12 бода, половина од преостанатите 24 бода.

Агим Ибраими во 18-та минута ја пропушти најубавата можност за Шкендија кога излезе сам пред Гачевски, но шутираше над голот.

Во второто полувреме Вардар беше подобар противник, имаше неколку спорадични шанси, но не успеа да постигне гол.

Во Струмица дербито за опстанокот помеѓу Беласица и Победа заврши без победник 1-1 исто како и натпреварот Македонија ЃП – Академија Пандев.

Работнички победи на гостувањето кај Ренова со 2:1, а со истиот резултат Шкупи славеше над Силекс.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Почнува пријавувањето за „Скопје трча 10К“

Од денес стартува пријавувањето за трката „Skopje Run 10K“ која ќе се одржи на 6 октомври.…