Во Манчестер Јунајтед пристигна како големо засилување, но Мемфис Депај во последно време повеќе се наоѓа на трибините отколку на протоколот за некој натпревар.
Мурињо не смета на него, па јасно беше дека екс играчот на ПСВ ќе ја промени средината во зимскиот преоден рок.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
За Депај инетрес покажаа неколку европски клубови, а последните информации од Островот велат дека тој ќе се пресели во редовите на Евертон, кај неговиот сонародник Роналд Куман.
Евертон и официјално го потврди интересот за Холанѓанецот и сакаат да го донесат во јануари на позајмица со опција да го откупат неговиот договор на крајот на сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека трите страни се согласни околу трансферот и недостасуваат само уште одредени детали.