Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес и официјално стигна до една од неговите најголеми цели во кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Новак од денес е тенисерот со најмногу недели поминати на врвот на АТП листа. Ѓоковиќ ја започнува 311 недела како лидер на АТП и зад себе го остави Роџер Федерер со 310. Зад нив следат Пит Сампрас со 286, Иван Лендл со 270 и Џими Конорс со 268.
За првпат Ѓоковиќ до врвот на АТП листата дојде во 2011 година кога го победи Жо Вилфред Цонга во полуфиналето на Вимблдон, таа година во финалето го победи и Надал.
Следната цел за Ѓоковиќ е бројот на Грен Слем титули. Во овој момент Србинот има 18, пред него се Надал и Федерер со по 20 освоени титули на големите турнири.