Дома Фудбал Останато Денот кога Суарез се „претвори“ во голман (ВИДЕО)

Денот кога Суарез се „претвори“ во голман (ВИДЕО)

Се играше 121. минута од четвртфиналето на Светското првенство во Јужна Африка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На денешен ден пред точно десет години Уругвај и Гана играа продолженија, а афричката репрезентација имаше опасен слободен удар од десната страна. Паинтсил нафрли, а во големата гужва во шеснаесетникот Луис Суарез прво ја изблокира топката со нога, топката се одби до Адијах кој шутираше со глава. Тогаш Суарез се „претвори“ во голман и со рака го одбрани ударот.

Нормално, главниот судија на натпреварот досуди пенал и му покажа црвен картон на Суарез. Сите ја видоа веќе Гана во полуфиналето, Асамоа Гјан требаше „само“ да го реализира пеналот.

Што се случи понатаму знаете…Гјан ја погоди пречката и Уругвај со паненката на Абреу го реши пеналот рулетот и се пласираше во полуфиналето.

На крајот Суарез од човек кој изгледаше како трагичар во прв момент стана херој на Уругвај во овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Здодевно, па драма: Јужна Кореја го почести Мексико (Видео)

Фудбалерите на Мексико ја совладаа Јужна Кореја со 1:0 (0:0) во Гвадалахара, во дербито на…