Еден од кандидатите за златен медал, Аргентина имаше ужасен почеток на Мундијалот и пораз од 1-2 против Саудиска Арабија, која им ги искомплицира сметките на „гаучосите“.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Аргентина до настапот во Катар имаа серија од 36 натпревари без пораз, но уште денеска би можеле да испаднат од Мундијалот и така Лионел Меси ќе ја заврши кариерата без освоен трофеј на Светско првенство (СП).




Аргентинците немаат друг избор, освен да слават против Мексико од 20 часот, а потоа во последното коло да бркаат место во осминафинале против Полска.




Меси и неговите колеги ќе мора да се потрудат против Мексико затоа што не им одговара ниту реми, односно тоа драстично ќе ги намали нивните шанси за место во нокаут-фазата.