Дома Фудбал Останато Дембеле се извини, Луис Енрике го врати во тимот

Дембеле се извини, Луис Енрике го врати во тимот

Осман Дембеле се врати на тренинзите на ПСЖ и викендов повторно ќе биде дел од тимот, откако се смирија страстите по конфликтот што го имаше со тренерот Луис Енрике.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Дембеле беше отстранет од првиот тим и го пропушти гостувањето на ПСЖ против Арсенал во Лигата на шампионите откако двајцата влегоа во жестока расправија по натпреварот во француското првенство против Рен.

Според различни извори, расправијата меѓу нив била многу сериозна, што го навело тренерот да ја донесе одлуката да ја изостави една од најголемите ѕвезди на тимот.

Дембеле денес јавно му се извини на својот тренер Луис Енрике и е вратен во тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гол за историја: Меси стана најдобар стрелец во историјата на Мундијалите (Видео)

Лионел Меси, вечерва го достигна статусот на најдобриот стрелец на светските првенства во …