Дома Фудбал Дембеле продолжува по старо и кај новиот тренер

Дембеле продолжува по старо и кај новиот тренер

Крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле, за кого клубот до сега плати 138 милиони евра, продолжува со недисциплината.

Се покажа дека само овој месец веќе два пати задоцнил на тренингот на Барселона, пишува „АС“.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


23-годишниот Французин исто имаше проблеми со доцнењето и кај другите тренери во изминатите години, а еднаш воопшто не се појави на тренинг без оправдување.

Вчера камерите го уловија Дембеле како пристигнува 15 минути покасно во базата.На 11 септември Французинот исто така задоцнил цели 13 минути на тренингот.

Дембеле е познат по тоа што обожава на игра на Плејстејшн до доцна во ноќта и има проблеми со раното станување и утринските тренинзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тудор тренираше со тимот во Мадрид, а раководството на Тотенхем го понижи за сите времиња

Хрватскиот тренер Игор Тудор неодамна ја презеде клупата на Тотенхем, но ни тој не успеа д…