Дома Фудбал Дел Пјеро призна: Немаше пенал за Јувентус!

Дел Пјеро призна: Немаше пенал за Јувентус!

Јувентус успеа да го победи Интер со 3:2 во големото дерби и ги задржи шансите за пласман во Топ 4.

Натпреварот го одбележаа многу контроверзни одлуки на судијата Калварезе, кој досуди три пенали и покажа два црвени картони.

Особено спорен беше последниот пенал за домаќините со кој дојдоа до победа. Квадрадо направи фаул во напад, судијата свирна пенал, а ВАР не реагираше.

Оваа одлука, но и целосното издание на Калварезе налути и многу неутрални фанови, а и поранешниот капитен на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро.

„Перишиќ не направи ништо, стоеше во место, судијата треба да дојде овде во студиото и да објасни што видел. Куадрадо сам ја стави ногата меѓу нозете на Перишиќ, ова не е пенал, но можеби ние зборуваме за некој друг фудбал. Според мене, вечерва не требаше да биде досуден ниту еден пенал“, изјави Деј Пјеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…