Дома Фудбал Италија Дел Пјеро го критикува Буфон: Не можам да го разберам!

Дел Пјеро го критикува Буфон: Не можам да го разберам!

Пеналот кој беше досуден за Реал Мадрид и црвениот картон за Буфон во четвртфиналето од Лигата на шампиони и понатаму се топ тема во спортските медиуми.

Буфон после мечот излезе со жестоки критики кон судијата Оливер и го обвини за „немање чусвтво“ притоа го нарече „ѓубре од човек“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ваквите зборови на Буфон наидоа на критика кај неговиот поранешен соиграч и пријател, Дел Пјеро, кој призна дека не може да го разбере неговото однесување.

„Кога Џиџи зборуваше за судијата, искрено ми беше тешко да го разберам. Не разбирам каква врска има првиот натпревар, тоа е фудбалот, го анализирате моментот без разлика дали е добар или лош. Мислам дека за неколку дена ќе свати дека кажал работи кои не требаше да ги каже“, изјави Дел Пјеро.

Зборовите на Буфон после синоќешниот натпревар може да ги видете ОВДЕ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси покажа на сите зошто е “доктор” за слободни удари

Интер Мајами продолжи со спектакуларната победничка серија и ги совлада Нешвил со 2:1 пред…