Дома Тенис Дел Потро закажа финале со Андерсон во Акапулко

Дел Потро закажа финале со Андерсон во Акапулко

Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро го победи Александар Зверев со 6:4, 6:2 и се пласира во финалето на турнирот во мексиканскиот град Акапулко.

Дел Потро, кој е шести носител, се справи изненадувачки лесно со отпорот на вметнатиот под број 2 во шемата Зверев и победи на натпреварот за малку повеќе од час и половина.

Дел Потро ќе се соочи со Кевин Андерсон од Јужна Африка. Финалистот од последното издание на Отвореното првенство на САД победи со 6:3, 4:6, 6:3 против Американецот Џаред Доналдсон, откако запиша 18 аса и само две двојни грешки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Штип УГД со пресврт ја освои Струмица и ги однесе трите бода

Шампионот загуби драматичен прв сет, но потоа ја совлада Струмица со 3:1 во третото коло о…