Дома Фудбал Дел Боске: Поради почит кон клубот нема да ја коментирам моменталната ситуација во Реал Мадрид

Дел Боске: Поради почит кон клубот нема да ја коментирам моменталната ситуација во Реал Мадрид

Поранешниот шпански селектор Висенте дел Боске одби да зборува за моменталната ситуација во Реал Мадрид.

Дел Боске беше тренер на Реал Мадрид од 1999. до 2003. година и со Кралевите освои осум трофеи, вклучувајќи и две ЛШ.

„Не би ја коментирал моменталната ситуација поради почит. Она што би го кажал може да му смета на некој или ќе предизвика дополнителен фокус од медиумите.“ – изјави Дел Боске.

Неодамна индиректно го прозва Зинедин Зидан кога рече дека “доколку некој бил добар играч, не значи дека може да биде добар тренер и дека тие две работи не се директно поврзани.“

Оваа сезона со Зидан Реал не игра најдобро, но Французинот им донесе на Кралевите три титули ЛШ.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас „жртва“ на тактиката на Гатузо: Против Барса ќе започне од клупата! (ФОТО)

Eлиф Елмас во последните натпревар конечно ја доби довербата од Џенаро Гатузо и откако пос…