Дома Фудбал Останато Дел Боске за Нејмар: Глуми, се преправа, а кога ќе видите и како си замина од Барса…

Дел Боске за Нејмар: Глуми, се преправа, а кога ќе видите и како си замина од Барса…

Висенте Дел Боске , поранешниот тренер на Реал Мадрид и селектор на Шпанија изјави дека играчкиот квалитет на Нејмар е неспорен, но дека Бразилецот има лоши особини.

„На Нејмар му е тешко да тренира. Што се однесува до мене, не е добар пример за фудбалер. Нека остане забележано дека го сметам за добар играч, ако ме прашате да го рангирам би го рангирал сигурно меѓу најдобрите пет на планетата, но…На теренот се обидува да глуми, многу се преправа и на сето тоа ако додадете како ја напушти Барселона“, изјави Дел Боске во интервју за „Мундо Депортиво“.

Нејмар во 2017 година од Барса се пресели во редовите на ПСЖ во трансфер вреден 222 милиони евра. Три години подоцна се почесто се поврзува со враќање во Каталонија.

„Клубот би требало да одлучи дали ќе го врати Нејмар или не. Не би требало да посветуваме внимание што кажале фудбалерите со овие работи треба да се занимаваат спортските директори и генералните секретари“, изјави 69 годишниот Шпанец.

Инаку, договорот на бразилскиот напажач со ПСЖ му истекува во 2022 година, па ќе биде интересно да се види колку би требало да плати Барселона за негово потенцијално враќање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гатузо: Нов договор? Сакам да се чувствувам слободен

Тренерот на Наполи Џенаро Гатуз, до крајот на годината, ќе го продолжи договорот со клубот…