Дома Фудбал Делофеу порача: Никогаш повеќе нема да играм за Барселона

Делофеу порача: Никогаш повеќе нема да играм за Барселона

На шпанскиот фудбалер Жерар Делофеу му истече позајмицата во Вотфорд каде што пристигна на почетокот на оваа година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Делофеу сезоната ја започна во Барселона, но Ернесто Валверде не беше задоволен од неговите настапи и му порача дека може да замине. На крајот беше испратен на позајмица во

Вотфорд каде што добро започна, но за жал брзо се повреди.

Откако Барселона направи гаф и го изостави од прославата на титулата Делофеу се разочара и порача дека не сака да се врати во Каталонија.

Сега во изјава за шпанските медиуми порача дека повеќе нема никогаш да игра за Барселона.

„Повеќе никогаш нема да играм за Барселона. Ова лето ќе го променам клубот тоа е сигурно, се уште не знам каде. Една од опциите е и останување во Вотфорд“, изјави Делофеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Можно ли е? Отказот на Слот може да значи голем пресврт во Ливерпул!

Денеска неочекувано пристигна веста дека Арне Слот ја заврши својата кариера како тренер в…