Дома Фудбал Девојката која го обвинува Нејмар застана пред камерите: Не сакав да имаме однос без заштита (ВИДЕО)

Девојката која го обвинува Нејмар застана пред камерите: Не сакав да имаме однос без заштита (ВИДЕО)

Бразилската ѕвезда Нејмар се наоѓа во центарот на голем скандал откако девојка го обвини за сек*уален напад во хотел во Париз на 15-ти мај.

Веднаш по обвинувањата Нејмар се огласи преку својот Инстаграм профил и порача дека девојката не ја зборува вистината, а како доказ приложи фотографии кои таа му ги испраќала.

Сега девојката излезе пред камерите на „СБТ“ и ја кажа нејзината страна на приказната.

„Мене Нејмар ме нападна и ме си*уваше. На почетокот започнавме нормално да разменуваме нежности. Но, подоцна тој не покажа никакви чуства и почна да ме повредува. Му викав да престане затоа што не сакам да имаме однос без заштита (презерватив). Сепак, тој не ме слушаше и продолжи“, откри девојката пред камерите.

Денес се појави и видео од хотелската соба од Нејмар и оваа девојка. Тоа видео можете да го погледнете – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи го меркаше, Рома го доби: Зошто пропадна планот за Мален?

Дониел Мален вечерва ќе го предводи нападот на Рома против клубот што го посакуваше во јан…