Дома Останати Кошарка Дебакл: Пораз од 66 поени разлика и две четвртини со 0 поени за јуниорките против Словенија

Дебакл: Пораз од 66 поени разлика и две четвртини со 0 поени за јуниорките против Словенија

Јуниорската репрезентација на Македонија доживеа вистински дебакл во натпреварот против Словенија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Кошаркарите до 18 години предводени од Јелена Антиќ за 40 минути постигнаа само 22 поени и изгубија со 66 поени разлика 88:22. Во две четвртини нашите претставнички не постигнаа ниту еден поен.

Катастрофата се најави во првата четвртина која Словенките ја добија со 34:0. До првиот кош стигнавме во втората минута од втората четвртина. Во втората и третата четвртина постигнавме по 13 (втората) и 9 (третата) поени, за последната повторно да ја завршиме без поени (30:0).

Од нашите 22 поени најефикасна беше Марија Димитријевиќ која постигна седум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Пелистер прегазен во Скопје, МЗТ ќе игра за нова титула!

МЗТ Скопје со убедлива победа од 87-58 против Пелистер обезбеди пласман во финалето на мак…