Дома Останати Кошарка НБА Дебакл за Американците на гала вечерта во НБА, Дончиќ е „руки“ на сезоната!

Дебакл за Американците на гала вечерта во НБА, Дончиќ е „руки“ на сезоната!

0

НБА вчера организираше доделување на наградите за кошаркарите кои ја обележаа изминатата сезона.

Американската јавност со нетрпение очекуваше да види кој ќе ги добие наградите. На крајот како и што се очекуваше МВП за минатата сезона беше избран Јанис Антетокумпо кој имаше фантастична сезона во дресот на Милвоки.

Меѓутоа она што е навистина одлично е што за најдобар млад кошаркар, односно за руки на сезоната беше избран Лука Дончиќ на кого ова му беше прва сезона во најсилната кошаркарска лига.

Словенецот со своите одлични настапи за Далас покажа дека се работи за неверојатен талент и заслужено ја освои наградата. Дончиќ доби 98 од можни 100 гласови.

Од шест главни награди на ова доделување само две им припаднаа на Американците што не се случило навистина одамна. За тренер на сезоната беше избран Мик Будхолзер, додека американскиот кошаркар Лу Вилијамс ја однесе наградата за најдобар шести играч.

Наградата за најдобар одбранбен играч му припадна на Руди Гоберт, додека Паскал Сиакам доби награда за најголем напредок. За најдобар момент во целата НБА сезона беше избран натпревар во кој Дерик Роуз постигна 50 поени.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

„Бомба“ од Италија: Ибрахимовиќ се враќа во Интер?

Италијанските медиуми утрово лансираа вистинска трансфер „бомба“ и тврдат дека Антонио Кон…